И тоа го има, неверојатно. Како што информираат од Фудбалската федерацијана Македонија, изработен е и е во функција лажен Инстаграм – профил на име на селекторот Благоја Милевски. Па така преку тој профил се комуницира со играчи, репрезентативци, па и со други луѓе поврзани со ФФМ и репрезентацијата на Македонија.
Од Федерација објаснуваат дека селекторот Милевски нема социјални мрежи, ниту пак користи таков вид на комуникација и едноставно овој Инстаграм – профил е лажен и никако не е на Милевски. Дека се она што се споделува на него не е веродостојно и не е од страна на Милевски.
По ова секако дека ќе следат чекори со цел да се открие кој стои зад овој профил, секако дека ќе се информира и МВР, целта е да се спречат било какви злоупотреби кои ќе наштетат на Милевски и на ФФМ.