Уште една ракометна легенда објави пензија

490

Уште еден легендарен ракометар одлучи да стави крај на својата богата кариера. Даниел Сармиенто на 38 години објави дека оди во пензија.

Шпанскиот централен бек има освоено се што може да се освои и што може да посака еден ракометар. Играше за Барселона во периодот од 2009 до 2016 година, по што замина во тимот на Сан Рафаел. Во францускиот тим остана шест години.

За шпанската репрезентација има одиграно 147 меча, на кои запишал 283 голови, според неофицијалната статистика.

ПретходноСо помош на лажен Инстаграм – профил на Милевски, до комуникација со репрезентативците! (ФОТО)
СледноРоден во Велес: Струга ТЛ во преговори со екс голман на Железничар и Вележ!