Фијаско на мак-клубовите ќе значи и губење на едно место во евро-куповите!

1724

Денеска почнува новата сезона од евро-купоите за клубовите од Македонија. Шкупи е домаќин на Линколн на Аренат „Тоше Проески“, вечерва од 20.45 часот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Нашиот првак заедно со Шкендија, Академија Пандев и Македонија Ѓ.П играат за себе но и за судбината на нашата лига.

По очајните неколку сезони клупскиот рејтинг на Македонија дожува фијаско, па сега со пласманот на 48 место на листата од 55 земји значи и сериозен аларм. Имено, на неколку часа пред стартот на новата сезона, на новите предизвици – нашите клубови треба да знаат дека нов дебакл ќе значи и губење на едно место во евро-куповите за следната сезона. Затоа Шкупи мора да го мине Линколн за да нашиот првак не игра пред коло од ова натпреварување.

Државниот коефициент на нашиот фудбал е „масакриран“ затоа што нашите клубови во последните неколку сезони брзо се елиминирани и тоа дел од нив со тешки порази. Згора на тоа се бришат и историските сезони на Вардар и Шкендија што значи дека во моментов послаб клупски рејтинг од нас имаат само аматерските клубови од земји како: Лихтенштајн, Велс, Гибралтар, Црна Гора, Андора и Сан Марино…

Пред нас се Малта, Естонија, Фарски острови, Косово, Ерменија, Луксембург…

Губење на место во евро-куповите би било сериозен удар за нашата лига која од година во година е се послаба и послаба. Тоа значи и губење на средства од УЕФА, финансии кои за некои клубови кај нас значат и основни средства за егзистенција… Шансата е во Шкупи и Шкендија ако се знае дека Академија Пандев и Македонија Ѓ.П имаат претешки мисии.

ПретходноМакедонија тргна со победа без загубен гем на БЏК купот
СледноНавивачи не му простија на Ериксен за предавството