Шкупи го прегази Линколн и веќе гледа кон Динамо Загреб!

721
Одлично завршена домашна задача за македонскиот првак кој на првиот меч од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите стигна до убедлив триумф од 3:0. Линколн од Гибралтар беше прегазен среде Скопје од избраниците на Гоце Седлоски кои доминираа, торпедираа и газеа по теренот во текот на сите 90 минути.
Шкупи за неколку класи потврди дека е подобар од првакот на Гибралтар кој лани направи сензација и играше во групната фаза од Конференциската лига на Европа. Тимот од „Чаир“ со убава предност оди на реваншот идната недела.
Данфа со прекрасен гол го отвори мечот во 12 минута а потоа проектилот на Сандеј го најави убедливииот триумф на „гулабите“ кои со победа се вратија во ова натпреварување по пауза од 22 години. Гоце Седлоски е тренерот кој ја има формулата во ова натпреварување кој и со Вардар пред неколку години ја мина оваа фаза.
Сега е на добар пат да го прескокне Линколн и реално е Шкупи веќе да гледа кон Загреб и пресметката со Динамо во следното коло. Победата од 3:0 е заслужена и заверена со многу труд и знаење но и со 10 фудбалери затоа што од 53 минута Шкупи играше без поцрвенетит стопер Гаги Маргвејашвили. Грузиецот направи втор жолт картон по кој Линколн се осоколу но во тие моменти Шкупи погоди две стативи а доби и автогол подарок од Рој Чиполина. Сепак гостите покажаа заби во неколку наврати а голманот Наумовски во три наврати одбрани супоер шанси на Линколн а Фаустин го погоди и сопствениот дирек. Убава и убедлива победа на Шкупи…
Редослед на головите и шансите…
1:0 – Дамфа во 12 минута по една прекрасна соло акција ја тресеше мрежата на Линколн. Првакот на Гибралтар кој лани играше во групната фаза од Конференциската лига капитулираше откако Сенегалецот нанижа тројца противнички играчи и со удар од 17 метри по земја го погоди долниот десен агол.
2:0 – Ремек дело присутните на Арената видоа во 29 минута кога Сандеј исто така по една соло акција од 20 метри упати вистински проектил во горниот десен агол на Линкол. Убавина од гол!
*Статива на Шеји во 53 минута кога со удар од десетина метри која го затресе левиот дирек на Линколн.
*Црвен картон за Гаги Маргвелашвили, Шкупи продолжува со 10 играчи.
3:0 – Во моментите со играш помалку Шкупи доаѓа до 3:0 и тоа со помош на автоголот на гостинскиот стопер Рој Чиполина кој во обид да ја избие топката ја погоди сопствената мрежа.
*Нова бомба на Сандеј во 66 минута а топката заврши во пречката.
*Фаустин за малку ќе си постигнеше автогол кога во обид да спасува ја погоди стативата, претходно Наумовски одбрани супер шанса на Лопез. *Опасно е! Наумоски со двојна одбрана спасува гол на Линколн во 73 минута.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1. КОЛО
Шкупи – Линколн 3:0 (2:0)
Арена: „Тодор Проески“, во Скопје. Гледачи: 3.000
Главен судија: С. Гишамер од Израел. Стрелци: Дамфа 12’, Сандеј 29’, Чиполина а.г 62’ Ж. Картони: Маргевелашвили (Ш), Црвен картон: Гаги Маргевелашвили 53 минута
ШКУПИ: Наумовски, Шеји, Фаустин, Маргевелашвили, Куевен, Хамиди (Георгиев 88’), Алварез, Цефас (Бајрами 59’), Данфа (Златков 76’), Сандеј. Тренер: Гоце Седлоски
ЛИНКОЛН: Колеинг, Брито, Лопез, Р. Чиполина (Ронан 77’), Ваисмен, Хуампе (Ториља 46’), Роса (Гомез 65’), Јахаја, Вокер, Хуанфри, Нано. Тренер: Кастиљо Перез

 

 

 

ПретходноКвалификации -ЛШ: Ракип и Малме со минимален триумф над Викингур!
СледноБраво Шкупи: Ова е највисоката победа на чаирчани во Европа!