Внимание: Вечерашниот ривал на Шкупи лани играше во групната фаза во ЛК!

685

 

Според квалитетот, потенцијалот, секако дека Шкупи вечерва против Линколн, во првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ  е фаворит. Впрочем тоа го најавуваат и обложувалниците.

Сепак, сепак…треба да се знае дека Линколн, шампионот на Гибралтар не е тим кој можеш така лесно да победиш.Имено во тој тим има неколку репрезентативци на својата земја, имаат петтмина нови играчи и нов тренер во името на Раул Кастилјо од Шпанија.

Пред неколку дена Линколн одигра пријателска со шкотскиот Килмарнок а резултатот беше 2:2.

Сепак, тоа е помалку важно од еден друг податок. А тоа е дека лани Линколн почна да игра во квалификациите во ЛШ и заврши во групната фаза во Лигата на Конференции, нешто што досега на ниту еден наш клуб не му успеало. Вардар играше во Лигата на Европа.

Нешто што во фудбалска Европа беше оценето како првокласна сензација,пласманот на Линколн во групната фаза во Лигата на Конференции.

Токму затоа потенцираме дека во таборот на нашиот шампион потребна е максимална концентрација, максимално внимание.

ПретходноДејан Бодирога ќе биде нов претседател на Евролига
СледноПо Ортез му отвори место на ТФТ