Кугларската федерација на Македонија доби нов претседател

79

Кугларската Федерација денеска објави дека има нов претседател во името на Игор Михајловски од Пелистер 1982 од Битола. Потпретседатели ќе бидат Игор Герасимовски (Макпетрол) и Димитар Димитровски (Вардар 2014)

На првата седница на новиот извршен одбор донесена е одлука за именување на нови членови на Извршниот одбор во кој се најдоа Пеѓа Николиќ (ГТЦ) и Емилија Переска (Пелистер Пин).

Направен е и избор на новата натпреварувачка комисија, како и нов состав на дисциплинската комисија.

Договорен е почетокот на новата сезона 2022/23 на 10 септември.

ПретходноВоша се врати на тренинзи: Ќе бидам подготвен за реваншот со ЦСКА
СледноКвалификации – ЛШ: Шкупи е со победнички мисли…