ЛШ: Радески и Пјуник против Клуж, Ракип со Малме против шампионот на Исланд

126

Вечерва се играат првите натпревари од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Осум натпревари се на програмата, а во оваа фаза покрај македонскиот првак Шкупи стартуваат и неколку екипи во кои играат македонски интернационалци.
Први на теренот излегуваат фудбалерите на Пјуник кои ќе ги одмерат силите со романскиот шампион Клуж. Во редовите на ерменскиот шампион од пред некој ден игра Марјан Радески но веројатно вечер нема да се појави на мечот.
Ердал Ракип и Малме ќе го пречекаат исландскиот шампион Викингур. Швеѓаните важат за апсолутни фаворити со оглед на посилниот играчки кадар и поголемото искуство на меѓународната сцена како и подобрите резултати.

РАСПОРЕД
ПЈУНИК (ЕРМ) – КЛУЖ (РОМ) 18:00 ч.
МАЛМЕ (ШВЕ) – ВИКИНГУР (ИСЛ) 19:00 ч.
ЛУДОГОРЕЦ (БУГ) – СУТЈЕСКА (ЦГ) 19:45 ч.
БАЛКАНИ (КОС) – ЖАЛГИРИС (ЛИТ) 20:00 ч.
ЛЕХ (ПОЛ) – КАРАБАХ (АЗЕ) 20:00 ч.
ТНС (ВЕЛ) – ЛИНФИЛД (С.ИР) 20:00 ч.
ШЕМРОК (ИРС) – ХИБЕРНИЈАН (МЛТ) 20:30 ч.
ШКУПИ (МКД) – ЛИНКОЛН (ГИБ) 20:45 ч.

ПретходноМаестралниот победнички поен на Калин – сервираше под нога! (видео)
СледноСандеј Адетунџи: Гол – машината му се “остри“ на Линколн!