Едно од најинтересните тренерски имиња во Премиерлигата пред само неколку сезони, Португалецот Нуњо Еспирито Санто, реши да ја прифати понудата на саудискиот клуб Ал-Итихад и да го предводи тимот во новата сезона.
Веста ја потврдија од клубот. Португалскиот стратег е без работа откако беше отпуштен од Тотенхем на почетокот на ноември минатата година, па сега предизвик најде во Саудиска Арабија.
Ал-Итихад минатата сезона ја заврши на второто место во саудиска Премиерлига, а со доаѓањето на Санто ќе се обиде да дојде до шампионската титула.
Интересно е што трансферот е со посредство на македонскиот менаџер Шкумбин Ќормемети, кој живее и работи во Виена, Австрија.