Во воведното коло на Лигата на конференции ќе дебитира клуб кој е формиран во кафеана кога неколку другари се опиле и дошле до идеја да си формиран фудбалски клуб. И така почнала приказната за клубот со необично име Страчките на Бруно (Bruno’s magpies) поточно го носи името на кафаната во која е формиран.
Пред девет години неколку другари седеле во кафеана која му припаѓала на таткото на едниот од нив, пиеле пиво кога им паднало на памет да формираат фудбалски клуб. И така тргнала колата. Неколку сезони во првата лига го покажале потенцијалот. Имаат и локални спонзори, а пари стигнуваат и од Обединетото Кралство… доволно за клубот да функционира.
Минатата сезона Страчките на Бруно имаа одличен настап во шампионатот на Гибралтар и со четвртото место на табелата избориле место во квалификациите за Конференциската лига. Првиот противник им е Крусејдерс од Северна Ирска.