По Ортез му отвори место на ТФТ

209

Македонија сепак ќе има свој претставник во Лигата на шампиони, поточно во квалификациите за пласман во ова натпреварување. Актуелниот бранител на титулата се најде на списокот на 24 екипи кои го објави ФИБА, а последниот „воз“ го фати благодарение на По Ортез.

Францускиот тим не доби лиценца за настап во домашниот шампионат, требаше да биде дел од групната фаза, но сега неговото место ќе го превземе Стразбур. Токму поради ова ТФТ беше следниот тим кој влезе во квалификациите.

Ждрепката ќе се одржи во четврток во Женева.

ПретходноВнимание: Вечерашниот ривал на Шкупи лани играше во групната фаза во ЛК!
СледноБрегалница го договори дефанзивецот Ристевски!