Рома не може да го задржи: Го одбија ПСЖ, но Заниоло се договорил со Јувентус?

188

Николо Заниоло ја одбил понудата од ПСЖ токму во моментот кога Јувентус се подготвува да испрати официјална понуда до Рома.

Рома се посериозно ја разгледува опцијата за продажба на 23-годишниот италијански репрезентативец поради финансиски причини, особено ако се земе предвид дека неговиот договор истекува летото 2024 година.

Како што објави „Ла Стампа“, опкружувањето на Заниоло јасно ставило до знаење дека останувањето во Италија е приоритет и учтиво го одбиле ПСЖ по неодамнешниот контакт, но се очекува Јувентус во наредните денови да ја достави официјалната понуда до Рома, а Заниоло наводно се договорил со „Старата Дама“.

Торинскиот гигант се подготвува да го продаде стоперот Матијас де Лигт и тие средства би биле искористени за трансфер на Заниоло.

ПретходноКошаркарите ги чека втора рунда квалификации за Евробаскетот во 2025 година
СледноШвајцарец во 2004 година отишол на „Сан Сиро“ да навива за Базел, па му требале 10 години да се врати дома!