Челик во дефанзивниот ред на Рома

133

Рома денеска и официјално го објави потписот на турскиот десен бек Зеки Челик. Турскиот репрезентативец беше досегашен фудбалер на Лил, а следната сезона ќе биде засилување во составот на Жозе Мурињо.

Мурињо доби уште една опција за одбрана во 25-годишен играч кој потпишал договор со „волчицата“ на четири сезони.

Во Лил од 2018 година, Челик забележа повеќе од 150 настапи и беше шампион на Франција во 2021 година.

ПретходноБрегалница го договори дефанзивецот Ристевски!
СледноНовак губеше со 0:2 во сетови, на крај славеше против Синер за полуфинале!