Квалитетно издание, со многу шанси, со три гола во мрежата на Линколн за убедлива победа од 3:0. Се разбира дека можеше овој триумф да биде уште поубедлив, но сепак доста е, и овие 3:0 се сосема доволно за реваншот во Гибралтар.
Не сакаме ниту да помислиме дека ќе се случи некоја катаклизма па да нашиот првак, тимот на Шкупи не излезе на мегдан на двомечот со Динамо Загреб во втората рунда од квалификациите во Лигата на Шампионите.
Шкупи имаше поддршка и од своите фанови вечерва на Арената „Тодор Проески“, и тоа најгласна кога беше најпотребно.
На крајот заедничко славје, а Седло ко Седло, никогаш, па ни после 3:0 не ги искажува своите емоции.