Шкупи си гази! Супер Дамфа па бомба на Сандеј! (ВИДЕО)

1951
Полувреме е на Арената во Скопје каде Шкупи го игра својот прв меш во квалификациските кола од Лигата на шампионите по дваесетина години пауза. Првакот на Македонија има водство од 2:0 и тоа со погодоците Дамфа и Сандеј кои ја торпедираа мрежата на Линколн со два гола од далечина. Дамфа во 12 минута по една прекрасна соло акција ја тресеше мрежата на Линколн.
Првакот на Гибралтар кој лани играше во групната фаза од Конференциската лига капитулираше откако Сенегалецот нанижа тројца противнички играчи и со удар од 17 метри по земја го погоди долниот десен агол. Ремек дело присутните на Арената видоа во 29 минута кога Сандеј исто така по една соло акција од 20 метри упати вистински проектил во горниот десен агол на Линкол. Убавина од гол! Шкупи е подобар, Шкупи доминира но Линколн не е за потценување. На неколку наврати се закани со полуконтри по кои за среќа на „сините“ немаа опасна завршница.
Шкупи имаше шанса во 10 минута на 0:0 да постигне гол нпо ударите на Сандеј и Хамиди од пет метри завршија во блокот на гостинската одбрана. Избраниците на Гоце Седлоски се на добар пат да ја инат првата препрека од оваа фаза во Лигата на шампионите.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1. КОЛО
Шкупи – Линколн 2:0
Арена: „Тодор Проески“, во Скопје. Гледачи: 2.000 Главен судија: С. Гишамер од Израел.
Стрелци: Дамфа 12’, Сандеј 29’
Ж. Картони: Маргевелашвили
ШКУПИ: Наумовски, Шеји, Фаустин, Маргевелашвили, Куевен, Хамиди, Алварез, Цепас, Данфа, Сандеј. Тренер: Гоце Седлоски
ЛИНКОЛН: Колеинг, Брито, Лопез, Р. Чиполина, Ваисмен, Хуампе, Роса, Јахаја, Вокер, Хуанфри, Нано.
Тренер: Кастиљо Перез

ПретходноЧурлинов на тренинзи со Штутгарт! (ВИДЕО)
СледноЧус Матео е наследникот на Ласо во Реал Мадрид!