Шпанците натурализираа Американец со кој ќе играат на Евробаскетот 2022

136

Шпанците денеска и официјално потврдија дека имаат нов натурализиран кошаркар во националниот тим. Шпански пасош доби Лоренцо кој селекторот Скариоло го планира како замена за Рики Рубио, кој поради тешката повреда нема да биде во составот на националниот тим за Евробаскетот 2022 во септември.

Шпанците веќе имаат неколку натурилазирани кошаркари во националниот тим низ минатото како Ибака и Миротиќ. И овие двајца, од различни причини, начелно нема да бидат на Евробаскетот, па оттука Браун треба со сигурност да се најде во составот на Скариоло.

Лоренцо Браун има НБА искуство во тимот на Торонто, а во Европа играше за многу екипи меѓу кои и Црвена Звезда, Уникс Казан и во новата сезона ќе биде дел од Макаби ТА.

ПретходноОд Тотенхем и Премиерлигата, сега ќе биде тренер во Саудиска Арабија
СледноЛапорта и Мендеш разговарале за Кунде и Силва, Роналдо не бил главна тема