Поранешниот ракометар на Вардар, Рожерио Мораеш во следната сезона ќе го носи дресот на Мелсунген, тим кој го предводи Роберто Гарсија Парондо. Бундес-лигашот и бразилскиот ракометар потпишаа договор до 2025 година.
Мораеш до 2019 година го носеше „црвено-црниот“ дрес, по што замина во редовите на Веспрем каде остана две години. Минатата сезона беше дел од тимот на Бенфика.
Кога сме кај трансферите, Емил Нилсен и официјално ќе застане на голот на Барселона. Екс-соиграчот на Кирил Лазаров заедно со Перес де Варгас ќе бидат одличен тандем на мрежата на актуелниот европски првак.