СПОРТМЕДИА ДОЗНАВА: Брентфорд во Барди гледа наследник на Ериксен!

1035

Енис Барди веќе неколку недели е во сериозни преговори со екипата на Брентфорд од Англија. Скаути и менаџери кои соработуваат со данскиот газда на членот од Премиерл-игата веќе со месеци работат на можниот трансфер на македонскиот репрезентативец. Еден од условите за потписот на Енис Барди во Брентфорд било заминувањето на Кристијан Ериксен кој веќе е пред преселба на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед.

СПОРТМЕДИА дознава дека авторизацијата за посредство за трансфер во Брентфорд, Барди ја дал неколку дена пред дуелот со Бугарија, кога веќе и официјално се почнати преговорите на фудбалерот со клубот од Англија.

За очекување е Барди да си замине од Леванте, клуб кој не успеа да избори опстанок во елитата на Шпанија. За неговите услуги се заинтересирани неколку екипи од Шпанија, како Валенсија и Реал Сосиедад, но и екипи од рангот на Олимпијакос.

Еден од условите е исполнет! Ериксен оди во Манчестер а останува да се види дали токму нашиот Барди ќе биде негова замена.
ПретходноИ тоа се случи: На два фудбалски меча „паднаа“ 187 голови, домаќинот славеше со 95:0 и 91:1!
СледноВо јуни повеќе од 33 милиони завршија кај играчите со СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТИТЕ