Шампионот го делат 90.минути до најмалку 3.квалификациско коло во ЛЕ или плеј – офот во ЛК и до 1,5 милиони евра!

2555

Ете што значи да си шампион, да играш во квалификациите во Лигата на Шампионите, но и да успееш да го минеш првото квалификациско коло.

Имено откако синоќа Шкупи успеа со 3:0 да го совлада Линколн од Гибралтар во првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ, нашиот шампион е многу блиску до пласман во следната рунда. Познато е веќе, таму го чека двомеч со Динамо Загреб во втората квалификациска рунда. Треба да се издржи уште 90 минути на Гибралтар, да се сочува високата предност и да успее да се дојде до двомечот со “модрите“, а потоа без разлика што ќе се случи со нив, момците на стратегот Гоце Седлоски ќе имаат европски натпревари речиси цело лето, па и сите да ги губат.

Интересно.

Имено ако Шкупи го мине Линколн, а потоа загуби од Динамо Загреб, тогаш ќе игра најмалку во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа, второто по ранг натпреварување во фудбалска Европа. Ако пак во тој двомеч успее да го мине Динамо, а биде елиминиран во третата рунда во ЛШ, тогаш ќе игра најмалку во плеј – офот во ЛЕ, а потоа и во групната фаза во ЛК.

Но ако во таа фаза од ЛЕ (трета рунда) не успее да мине тогаш се сели во Лигата на Конференции каде ќе игра во плеј – офот, всушност тоа ќе биде 4.коло од ЛК.

Значи, ако Шкупи успее да го мине Линколн и дојде до двомеч со Динамо понатаму сите дуели да ги губи ќе игра најмалку во плеј – офот во Лигата на Конференции, најпросто кажано.

Да не говориме за парите кои ќе дојдат од Европа. Тие се најмалку 1,5 милиони евра, само треба да се мине Линколн.

Потоа се ќе биде супер за Шкупи, па макар и на сите натпревари чаирчани губеле како што веќе рековме.

Вакво нешто на “тацна“ имаше и Шкендија лани, но тетовци тогаш уште на стартот беа елиминирани од Мура, па затоа ништо од плановите и големите пари.

Шкупи со Седлоски е многу блиску, остануваат само уште 90 минути со предност од 3:0.

Инаку сите овие варијанти беа најавени уште по ждрепката за првото и второто квалификациско коло во ЛШ кога се дозна дека Шкупи прво за ривал го има Линколн, а потоа ако ги мине гибралтарците, ќе игра со Динамо Загреб.

Инаку во случај на елиминација од Линколн, што ќе биде рамно на вистинска сензација, тогаш Шкупи ќе игра во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

ПретходноЕмил Рајковиќ ќе предава на тренерскиот семинар
СледноТФТ поканет да настапува во АБА 2!