Филип Антовски (21) во следната 2022/23 сезона ќе игра за НК Истра, клуб од елитната лига на Хрватска. Тој во овој тим доаѓа како позајмен играч од Австрија Виена, со можност соработката да продолжи и хрватскиот клуб да го откупи младиот Македонец.
Инаку Антовски потекнува од школата на Вардар, потоа се пресели во вториот тим на Динамо Загреб од каде беше праќан на позајмица во Славија Софија за да ланското лето направи трансфер во Австрија Виена.