Шкендија утре од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе го одигра првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Противник на тетовци ќе биде Арарат Ереван, еден од најдобрите тимови од Ерменија.
Ни малку лесна задача на тетовци, но нивните амбиции се да ја минат оваа пречка.
По повод овој дуел, вечерва на пресот, свое видување имаше стратегот на Шкендија, Артим Шаќири…
„Подготовките ги одработивме многу добро. Беа тешки за играчите, но важни за овој меч. Се подготвувавме максимално и имаме максимум информации за противникот колку што тоа е можно. Без потценување и без преценување ќе играме против Арарат. Да, ние сме фаворити, но само на хартија. Сакаме да го решиме утре мечот во наша корист за да со предност патуваме на реваншот. Балистите ќе ни бидат од голема поддршка. Играчите едвај чекаат да започне мечот“ вели Шаќири.
Тој вели дека Арарат е анализиран. Шкендија знае против кого ќе игра…
“Да, противникот е анализиран. Знаеме дека и кај нив има промени на на тренер и играчи. Но тоа нема врска дали е некој нов тренер или не. Важно е ние да поставиме наша игра. Играме дома и мора да доминираме. Што се однесува до новитетите тие се адаптираат одлично, но јасно е дека самите ќе мораат да се изборат за да играат во првиот тим“ посочва стратегот на Шкендија.