Готово е: Златан во Милан до јуни 2023!

169

Како што извести Фабрицио Романо, а “Газета“ исто така лиферува, Златан Ибрахимовиќ и Милан имаат договор за продолжување на соработката за уште една година. Имено во текот на вчерашниот ден ги разрешиле сите дилеми, договор има па се очекува во текот на следната седмица Златан да дојде во Милано и официјално да го потпише новипот договор. Иако е повреден, иако нема да игра барем до крајот на оваа година, раководството на шампионот го посакува ветеранот во своите редови, па и поради победничката атмосфера која ја пренесува во соблекувалната овој Швеѓанец со балкански корени.

Сепак јасно е дека Златан нема да ги има оние примања како што ги имаше досега.

ПретходноУбедливи чаирчани: Вака игра шампионот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТиквеш се засили со играч од ТИМ Локомотива!