И тоа се случи: На два фудбалски меча „паднаа“ 187 голови, домаќинот славеше со 95:0 и 91:1!

2325

На две фудбалските средби паднаа неверојатни 187 голови. Да, точно прочитавте. Ова фудбалско чудо се случи во Сиера Леоне, секако за истото ќе биде покрената истрага.

На двата натпревари, домашните тимови славеа со 95:0 и 91:1.

Екипата на К.Ренџерс ја победи Л.Јунајтед со 95:0 во Втората лига, додека Галф победи против Коким Ливан со резултат 91:1. Неверојатните резултати предизвикаа реакција кај локалните фудбалски власти, а првото полувреме заврши со 2:0 и 7:1.

Ренџерс и Галф се изборија за место во елитата, а патникот до повисокиот ранг ја решаваше гол разликата. Навистина е нејасно како клубовите веруваа дека ова може да помине незабележано и неказнето.

ПретходноАнтовски промовиран во Истра!
СледноСПОРТМЕДИА ДОЗНАВА: Брентфорд во Барди гледа наследник на Ериксен!