Ник Кирјос за првпат ќе игра полуфинале на Вимблдон

105

Ник Кирјос е третиот полуфиналист на Вимблдон. Австралискиот тенисер со грчко потекло со доби дуелот против Кристиан Гарин со 3-0 по сетови 6-4, 6-3 и 7-6 и за првпат ќе игра полуфинале на овој гренд слем турнир.

До битката за финале, Кирјос се намачи во сите три сета. Првиот не го отвори добро, Гарин направи брејк за 3-1, но австралискиот тенисер одговори со два брејка за 6-4.

По 6-3 во вториот сет, во следниот со водеше вистинска битка, мораше да се игра тај-брејк, Кирјос со 7-5 се избори за полуфинале, каде за противник го чека подобриот меѓу Рафаел Надал и Тејлор Фриц.

ПретходноВо јуни повеќе од 33 милиони завршија кај играчите со СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТИТЕ
СледноАртим Шаќири: Против Арарат без потценување и без преценување…