Македонската машка ракометна репрезентација го освои четвртото место на Медитеранските Игри во Алжир. Во битката за бронзениот медал „црвено-жолтите“ беа совладани од Србија со 28-34.
Во Оран, избраниците на Кирил Лазаров имаа скор од две победи, три порази и реми. На ова натпреварување Македонија замина во еден поинаков состав, не беа планирани голем дел од стандардните репрезентативци, но во последен момент поради повреди и приватни причини не заминаа и играчи со нешто поголемо искуство во националниот дрес.
На дело видовме дека и меѓу идните генерации има искра надеж, момците го се бореа во Оран покажаа карактер особено на дуелот против Алжир. Лазаров ја има целата слика, па точно ќе знае на што треба да се работи во иднина.
Првите честитки за оствареното дојдоа од еден од поискусните репрезентавци, на социјалните мрежи се огласи Жарко Пешевски.