По 613 одиграни натпревари, Манданда си замина од Олимпик Марсеј

284

Голманот на Олимпик Марсеј, Стив Манданда го раскина договорот со клубот. Како што објави клубот, двете страни спогодбено го раскинале договорот.

Претходно стана јасно дека 37-годишниот Французин има намера да се пресели во Рен. Играчот веќе ги договорил условите од договорот со овој клуб.

Манданда играше за Олимпик Марсеј од 2007 година со пауза од една сезона, кога настапуваше за Кристал Палас. Договорот на играчот со Марсеј беше до 2024 година.

Стив е вистинска легенда на клубот со 613 натпревари за францускиот клуб, на кои прими 674 гола.

ПретходноСерхио Љуљ во Реал до 2024 година
СледноИвановски: Тенисер станав поради сестра ми и горд сум што ја претставувам Македонија