Ракометарите поразени од Србија во битката за бронза на МИ

217

Македонската ракометна репрезентација го освои четвртото место на Медитеранските игри во Алжир. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во битката за бронза беа совладани од Србија со 29-34 (13-15). Нашите ракометари одиграа добро во првите 20 минути, по изедначена игра го превземаа водството (5-8, 6-9 и 7-10).

Србија се разбуди, со серија од 1-4 и во еден момент тројца играчи повеќе на теренот поведе со 10-11, за кратко време обезбеди плус два, разлика со која заврши првото полувреме (13-15).

Македонија не успеа да фати силен ритам, по 18-20, српските ракометари со нова серија од 1-4 дојдоа на плус пет (19-24) во 42 минута.

Србија поведе со 23-30, со три гола во серија и одбрана на Гогов, нашите момци го прекинаа налетот на противникот (26-30). Но, сепак не остана многу време и простор за пресврт.

Костадин Петров со пет гола беше најефикасен во нашиот тим, додека кај победникот Воркапиќ заврши со шест погодоци.

Лазаров ќе има доволно време за анализа и заедно со овие момци да работат за подобра иднина на националниот ракомет.

ПретходноДи Марија и официјално една година во Јувентус
СледноСупер Калин, Македонецот е во 1/4 финале на Вимблдон!