Енис Барди веќе неколку недели е во сериозни преговори со екипата на Брентфорд од Англија. Скаути и менаџери кои соработуваат со данскиот газда на членот од Премиерл-игата веќе со месеци работат на можниот трансфер на македонскиот репрезентативец. Еден од условите за потписот на Енис Барди во Брентфорд било заминувањето на Кристијан Ериксен кој веќе е пред преселба на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед.
СПОРТМЕДИА дознава дека авторизацијата за посредство за трансфер во Брентфорд, Барди ја дал неколку дена пред дуелот со Бугарија, кога веќе и официјално се почнати преговорите на фудбалерот со клубот од Англија.
За очекување е Барди да си замине од Леванте, клуб кој не успеа да избори опстанок во елитата на Шпанија. За неговите услуги се заинтересирани неколку екипи од Шпанија, како Валенсија и Реал Сосиедад, но и екипи од рангот на Олимпијакос.