Мораеш оди кај Парондо!

400

Поранешниот ракометар на Вардар, Рожерио Мораеш во следната сезона ќе го носи дресот на Мелсунген, тим кој го предводи Роберто Гарсија Парондо. Бундес-лигашот и бразилскиот ракометар потпишаа договор до 2025 година.

Мораеш до 2019 година го носеше „црвено-црниот“ дрес, по што замина во редовите на Веспрем каде остана две години. Минатата сезона беше дел од тимот на Бенфика.

Кога сме кај трансферите, Емил Нилсен и официјално ќе застане на голот на Барселона. Екс-соиграчот на Кирил Лазаров заедно со Перес де Варгас ќе бидат одличен тандем на мрежата на актуелниот европски првак.

ПретходноСимона Халеп без изгубен сет до полуфинале!
СледноВо Баерн не прифаќаат рати, сметаат дека Барса ќе банкротира за две-три години!