Вчера главна вест во светот на тенисот беше мангупскиот сервис за победа во јуниорскиот дел на Вимблдон на Македонецот Калин Ивановски. Речиси сите ги воодушеви со тој сервис, освениот поен и се разбира мајсторијата па и мангупското однесување во позитивна смисла.
Сепак имаше и такви, како на пример Каспер Руд, еден од најдобрите тенисери во светот, кој посочил дека поенот не требало да се признае зошто Ивановски направил пресврт. Ова Руд го напиша на социјалните мрежи.