Четвртиот светски тениски рекет, Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Вимблдон. Во четвртфиналниот меч вториот носител го победи 11-от носител, Американецот Тејлор Фриц во маратонски меч кој траеше пет сета со 3:6, 7:5, 3:6, 7:5, 7:6 (10:4). Средбата траеше точно 4 часа и 20 минути.
Во сезоната 2022, Надал веќе освои два Грен слем турнири – Австралија Опен и Ролан Гарос. Рафаел двапати го освојуваше и Вимблдон (во 2008 и 2010 година) и уште трипати стигна до финалето. Последен пат Шпанецот учествуваше на турнирот во 2019 година кога заврши во полуфиналето.
За пласман во финалето Надал ќе игра со Австралиецот Ник Кирјос.