Реал Мадрид официјално го продолжи договорот со кошаркарот Серхио Љуљ.
Договорот на 34-годишниот плеј беше до крајот на оваа сезона, а со новиот, тој ќе остане во „кралскиот“ дрес до 30 јуни 2024 година.
Љуљ е во Реал Мадрид од 2007 година. Со тимот на Реал Мадрид, тој двапати ја освои Евролигата, стана седумкратен шампион на АЦБ лигата и шесткратен победник на Купот на кралот.