Кадетките загубија и од Турција па ќе играат за пласман на Балканското првенство

67
Македонската женска кадетска репрезентација беше поразена и од Турција со 3:0 (25:5, 25:4, 25:12) во групната фаза на Балканското првенство во Врање. Сооглед дека црвено-жолтите вчера загубија од Романија, не успеаја да се пласираат во полуфиналето, односно ќе играат за пласман од петтото до седмото место.
Македонските кадетки утре ќе играат со Молдавија, која беше последна, четврта во групата „А“, а доколку победат, потоа ќе сервираат против Босна и Херцеговина за да бидат петти во конечното рангирање. Со неуспех против Молдавките, ќе завршат седми.
ПретходноПремиер лига на Етиопија и најлудиот прекршок за пенал! (видео)
СледноПотврдено: Ди Марија во Јувентус со договор до јуни 2023