Некогашниот младинец на Вардар, Кристијан Николовски повторно ќе го носи дресот на нашиот најтрофеен клуб. Играчот за врска доаѓа во Вардар како уште едно од неколкуте засилувања за следната сезона, во кои уште се и Филип Јаневски, Јован Попзлатанов, Семеон Христов…
Николовски доаѓа од тимот на Борец, каде што имаше полна минутажа. Претходно тој настапуваше и за Пелистер, Еуромилк, Македонија ЃП…
Николовски ќе се приклучи на подготовките на Вардар кој се во тек веќе трет ден.