Лацио го обезбеди и четвртото засилување за новата сезона, а трето од редовите на Верона. Нов фудбалер на „небесно-сините“ од Рим е Николо Касале. Се работи за 24-годишен одбранбен фудбалер кој доаѓа од Верона, а за него Лацио плати 10 милиони евра.
Касале е поранешен младински италијански репрезентативец. Инаку во Верона дојде во 2017 година, меѓутоа за првиот тим заигра дури минатата сезона. Претходно беше позајмуван во Перуџа, Прато, Венеција и Емполи.
Лацио претходно ги донесе Матео Канселиери и Матија Закањи, двајцата од Верона со тоа што првиот на позајмица, а вториот за 7 милиони евра. Исто така од Шахтјор Доњецк го ангажираше играчот од средниот ред Маркос Антонио.
Дома Меѓународен фудбал Италија Лацио даде 10 милиони за поранешен младински италијански репрезентативец