Новак Ѓоковиќ го замолкна Лондон – завери финале на Вимблдон (ВИДЕО)

3374

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, откако го совлада Камерон Нори со 3-1 по сетови (2-6, 6-3, 6-2, 6-4). Во битката за одбрана на тронот, српскиот тенисер за противник ќе го има Ник Кирјос, кој не играше полуфинале, откако Рафаел Надал се повлече поради повреда.

Ноле не го почна мечот според очекувањата, првиот сет, убедливо му припадна на британскиот тенисер. По 2-2, Нори му зеде два сервиси на Ѓоковиќ за 2-6.

Србинот врати во иста мера. Следните два сета ги доби со 6-3 и 6-2. Во вториот имаше рамноправна битка до 3-3, Ноле му зема поен на противникот на сервис за 1-1. Веќе во третиот полесно го скриши отпорот за 2-1 и чекор до финалето. Во третиот сет, кој го заврши со 6-4, се чинеше дека лесно ќе го освои, особено по стартните 3-1, но британскиот тенисер не се предаде лесно, пружи силен, но недоволен отпор.

ПретходноТензии на средбата меѓу Лапорта и Куман во Барселона (ВИДЕО)
СледноФерстапен со пол-позиција во Австрија