Филип Илиоски нов генерален секретар на Победа

740

Прилепскиот адвокат Филип Илиоски од денеска е нов генерален секретар на ФК Победа. Илиоски дипломирал меѓународно право на Правниот факултет ,,Јустинијан први“ при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ како и постдипломски студии по Меѓународно право и меѓународни односи.

Со својата стручност несомнено ќе ги придонесе за зајакнување на организациските капацитети на клубот и негово поуспешно функционирање. Победа во новата сезона ќе биде дел од елитното македонско фудбалско друштво.

ПретходноФерстапен со пол-позиција во Австрија
СледноИ Пелистер пријави учество во АБА2-лига