Раководството на Барселона ја доставило последната понуда до тимот на Лидс, на тема ангажирање на бразилскиот интернационалец Рафиња. Од Лидс пред неколку дена порачале истата да биде испратена до крајот на неделава, па денешен „Спорт“ вели дека истата гласи 55 милиони евра плус бонуси.
Ова е за 5 милиони повеќе од претходната понуда, која Лидс ја одби. Од „Камп Ноу“ беа оптимисти дека оваа понуда ќе биде прифатена, што е чудно со оглед на тоа што англискиот клуб всушност прифати многу повисока понуда од Челзи за Рафиња од 60 милиони фунти (70 милиони евра).