НЕМА ДА ИМА ПРОМЕНИ: Бајиќ и КФСМ не гледаат причина за прекин на соработката!

179

Драган Бајиќ останува на селекторското место во македонската кошаркарска репрезентација. Иако „црвено-жолтите“ не ја поминаа првата претквалификациска фаза за пласман на Светското првенство 2023 година, сепак и двете страни покажале интерес да продолжат со соработката.

Договорот на Бајиќ е од циклус од циклус. Пред да го превземе „кормилото“ тој доби список на кошаркари на кои ќе смета, но истиот никогаш не се реализира на дело.

Во изминатиот период поискусни имиња не се одзиваа на прозивката, дел поради повреди, дел поради други причини, но ниту еден не помисли дека игра за националниот дрес не игра за Македонија. Покрај ова, никој нема вистинска слика за силата со која располага кошаркарска Македонија во овој момент, дали навистина имаме иднина и може да се надеваме на подобри денови или пак само се зажалуваме.

Бајиќ беше промовиран во април 2021  година, мина едни претквалификации, но потоа запиша шест порази во исто толку одиграни натпревари.

По завршување на мисијата за СП 2023 година, нов предизвик е тешкиот пат за пласман на Европското првенство 2025 година. Македонија ќе игра од вториот круг, за противник ќе ја има селекцијата на Словачка, додека останатите две ќе бидат познати на 14. овој месец.

ПретходноБесарт со првиот гол за Струга ТЛ во прекинатиот меч со Охрид
СледноПремиер лига на Етиопија и најлудиот прекршок за пенал! (видео)