Воска Спорт го претстави новиот тренер

1439

Екипата на Воска Спорт почна со активности и го назначи Берат Имери за нов тренер. Стратегот доаѓа од Тетово, работеше во младинските категории на Шкендија.
Договорот е на една година.

Со стручњакот од Тетово потпишавме едногодишен договор, со надеж дека годинава ќе направиме чекор подалеку од минатото издание, кога само мечот од плејофот ни го ускрати вклучувањето меѓу најдобрите во домашниот елитен фудбал.

На Берат Имери му посакуваме успешна сезона во тимот на Воска Спорт“, стои во соопштението на охридскиот клуб.
Воска е третиот тим на Имери во тренерската кариера, по Кораб и помладите екипи на Шкендија.
ПретходноOФИЦИЈАЛНО: Тотенхем го донесе Ленгле од Барселона
СледноЈовиќ потпиша на 2+2 години со Фиорентина