Екс – клубот на Трајковски и Несторовски пред згаснување!

1051

Лоши вести доаѓаат од Хрватска. Имено Интер Запрешиќ, што беше еден од најомилените клубови во таа земја е пред згаснување. За нас оваа информација е важана зошто некогаш во тој тим настапуваа Александар Трајковски и Илија Несторовски, но и Марјан Алтипармаковски.

Причината се немање на финансии и тоа во пресрет на стартот на Првата лига на Хрватска, инаку тоа е втора лига народски кажано. Големо прашање е дали Интер Запрешиќ ќе ја започне сезоната во второлигашкото друштво или пак како клуб целосно ќе згасне.

Овој клуб во 1992 година го освои Купот на Хрватска, а некогаш играа и играчи како Модриќ, Ловрен, Солдо, Чорлука, Едуардо…

ПретходноБизарните правила на Берлускони за доведување играчи во Монца!
СледноЃорѓи Стојчев: Имавме неколку шанси, жалам за високиот пораз!