Валмир Нафиу, напаѓачот на Шкендија, како да не знае да даде обичен гол во дресот на тетовскиот тим на европските натпревари. Тој досега има постигнато два гола, и двата преубави. Првиот против Тотенхем во Скопје, во меч од 3.кваликациско коло во Лигата на Европа, кога од дваесетина метри му ја “стегна“ на Хартс и го доведе во очај славниот тренер Жозе Мурињо, додека вториот синоќа против Арарат. Се чини дека оној синоќа за нијанса беше поубав кога во стилот на Кварезма успеа да го совлада голманот на Арарат за водство од 2:0.
Вреди да се потсетиме и на двата.