Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, откако го совлада Камерон Нори со 3-1 по сетови (2-6, 6-3, 6-2, 6-4). Во битката за одбрана на тронот, српскиот тенисер за противник ќе го има Ник Кирјос, кој не играше полуфинале, откако Рафаел Надал се повлече поради повреда.
Ноле не го почна мечот според очекувањата, првиот сет, убедливо му припадна на британскиот тенисер. По 2-2, Нори му зеде два сервиси на Ѓоковиќ за 2-6.
Србинот врати во иста мера. Следните два сета ги доби со 6-3 и 6-2. Во вториот имаше рамноправна битка до 3-3, Ноле му зема поен на противникот на сервис за 1-1. Веќе во третиот полесно го скриши отпорот за 2-1 и чекор до финалето. Во третиот сет, кој го заврши со 6-4, се чинеше дека лесно ќе го освои, особено по стартните 3-1, но британскиот тенисер не се предаде лесно, пружи силен, но недоволен отпор.
Cuando pensas que ya no te puede sorprender, viene y hace esto.
Es una bestia, es Novak Djokovic.pic.twitter.com/lKgK8agsP9
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) July 8, 2022