И во Етиопија се игра фудбал. Еве еден момент од локалната Премиер лига. Екипите на теренот се Бахир Дар и Сент Џорџ, но тоа е најмалку важно.
На теренот се случи прекршок кој се врти на социјалните мрежи. Голманот на Бахир Дар Харисон Хесу направи несекојдневен прекршок. Прво ја собра топката која падна во неговиот шеснаесетник, а потоа направи салто по што со нозете го удри противничкиот играч Амануел Гебремајкл.
Фудбалерот на Ст.Џорџ падна на тревата поради што мораше да интервенира лекарскиот тим поради ударот во градите. Судијата покажа пенал, а за среќа на голманот противничкиот играч го промаши.
Un día cualquiera en la Liga de Etiopía:pic.twitter.com/RPptWcKKsR
— WilliPicks (@WilliPicks) July 8, 2022