Сеп Блатер и Мишел Платини, некогашните претседатели на ФИФА и УЕФА се ослободени од обвиненијата за корупција. Ова го одлучи судот во Швајцарија, кој не најде докази за нивната вмешаност во корупција, односно криминал.
Истрагата против нив траеше подолго време, речиси седум години, тие беа и протерани од фудбалот, но сега и дефинитивно се ослободени од обвиненијата за наводна корупција.
Инаку тие беа обвинети дека добивале мито во вредност од два милиони швајцарски франци.
И двајцата цело време изјавуваа дека не биле виновни.