На крајот на минатата година, Жоан Лапорта реши да му врачи отказ на Роналд Куман по серијата лоши резултати во Ла Лига и во Лигата на шампиони, а наместо него за нов тренер беше избран Чави Хернандез.
Отказот тешко му падна на Куман и се уште не зажали затоа што често зборува за тоа во јавноста, а јасно кажува дека Лапорта не се однесувал баш најдобро со него.
Холанѓанецот смета дека отказот можел да биде доставен на поубав начин и дека клубот не треба така да се однесува кон човекот кој на Барселона и го донесе првиот трофеј во Лигата на шампионите.
Дека Лапорта и Куман не се во најдобри односи се виде и на голф турнирот што се одржува во Барселона, а утринава тие двајца беа на отворањето.
Камерите го снимиле моментот кога Лапорта и Куман се поздравуваат, може да се види дека се уште има тензии, разговорот меѓу двајцата траел многу кратко.
➡ Así ha sido el reencuentro Laporta-Koeman
🎥 @ManelMontilla pic.twitter.com/qe8zNzGOn9
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) July 8, 2022