На штотуку одржаното собрание на буднеслигашот Херта Берлин делегатите избраа нов претседател на клубот. И тоа не било кој туку еден од основачите на хард кор навивачката фракција на Херта, таканаречените, “Harlekins Berlin ’98”, Кај Бернстин кој во тесна битка го победи фаворизираниот противкандидат од страна на инвеститорите на клубот инаку по професија адвокат.
Во салата буквално се случи ерупција од воодушевување при читањето на резултатите, а ќе видиме како Бернстин ќе се снајде на новата функција.