Во пресрет на европското лето и настапот во квалифиакциите за Лигата на Шампионите, ЖФК Љуботен се засилува во сооднос со она што следува секако.
Интернационалниот настап бара и такви засилувања, па од Тетово гордно најавуваат дека е договорена соработка со две носи интернационалки од Бразил.
Се работи за Маиса Делгадо Бенедито која игра во дефанзивната линија, како и Чери Гоја која ќе биде задолжена за голови. Таа веќе има искуство со играње во Европа, односно беше дел од тимот на Спартак Суботица.
Ако на овие две интернационалки од Бразил се додаде и „староседелецот“ Едите Силва Пресилиа, која што изминатата сезона постигна 32 гола во домашниот шампионат на Македонија станува јасно дека ЖФК Љуботен ќе има сериозен „кариока“ шмек скедната сезона.
На 18. јули тимот го очекува евро настапот кога на Комплексот Петар Милошевски пристигнува шампионот на Австрија, Сент Полтен.