Јовиќ потпиша на 2+2 години со Фиорентина

419

Реал Мадрид даде вистинско богатство за да го донесе Лука Јовиќ на „Сантијаго Бернабе“ (60 милиони евра) и тоа се покажа како погрешен потег. Српскиот напаѓач западна во сивило во Реал од кое не можеше да излезе, па прво беше позајмен во Ајнтрахт Франкфурт, а вечерва потпиша со Фиорентина.

Интересно, Јовиќ доаѓа во Фиорентина како слободен фудбалер. Реал се одлучи за такво нешто и покрај тоа што скапо го плати претходно, но затоа стави свое барање во договорот, а тоа е 50% од парите при следниот трансфер на играчот.
Јовиќ со Фиорентина потпиша двегодишен договор со можност да биде продолжен на уште две години.

ПретходноВоска Спорт го претстави новиот тренер
СледноАјакс урна холандски трансфер рекорд за да го врати Бергвајн