Англискиот премиерлигаш Тотенхем донесе уште еден фудбалер во своите редови, овојпат ја засили одбраната со Клемен Ленгле. Французинот не му е потребен на Чави за престојната сезона, а Тотенхем тоа го искористи и брзо се договори со каталонскиот клуб за позајмица на една сезона.
Ленгле е петтиот нов играч на Тотенхем ова лето. Претходно клубот од Северен Лондон ги донесе голманот Фрејзер Форстер, левото крило Иван Перишиќ, потоа играчот за врска Ив Бисума кој дојде од Брајтон и бразилскиотнапаѓач Ришарлисон од Евертон.
💬 “I want to be aggressive and help the team with the ball”
The first interview with our newest addition 😎⤵️ pic.twitter.com/DNPq1SPh7U
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) July 8, 2022