Зинедин Зидан наскоро ќе можете да го видите со драстично изменет имиџ. Ќелавкото Зизу ќе има коса. Навистина необично, па дали ќе можеме да го препознаеме.
Имено според пишувањето на турските медиуму, еден од најдобрите фудбалски тренер, играчка легенда, престојувал две недели во Истанбул и тоа во најлуксузниот хотел во квартот Бешикташ, по зафатот на пресадување на коса, тој тајно се вратил во Франција.
Инаку Зидан долго време се поврзуваше со преземање на клупата на ПСЖ, но тој одлучи да го почека повикот од Фудбалската федерација на Франција по завршување на СП во Катар. Имено се очекува по завршување на Мундијалот, славниот Зизу да ја преземе селекторската функција на “триколорите“.